evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

27.11.2017 Nezavisne Novine

FireShot Capture 002 - Lazarov  Svaki klub u Evropi treba je  - https   www.nezavisne.com sport ru

Македонскиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров во интервјуто за босанскиот портал „Независне новине" говореше за неговите први четири месеци во Нант, репрезентацијата и ракометните успеси во нашата земја.

Лазаров вели дека полека го надминува единствениот проблем кога дојде во Франција, а тоа е јазикот.

„Кога дојдов во Франција, единствениот проблем ми претставуваше јазикот, кој е различен од останатите. Францусите се горд народ, ја сакаат својата држава и сакаат да разговараат на својот јазик. Се трудам да научим, бидејќи ако можев да научам унгарски додека играв за Веспрем, тогаш можам и француски. Me изненади француската лига, за разлика од претходните каде што сум играл, овде се игра на сила и без размислувања. Тактиката е во втор план. Во Лигата на шампионите добро играме, посебно со најсилните екипи. Во Франција го освоивме Суперкупот, а во шампионатот заостануваме, што се должи на неискуството, јакиот ритам и некои повреди. Целта ни е да бидеме осминафиналисти во ЛШ и да освоиме еден домашен троофеј, во штои и успеавме, освојувајќи го Суперкупот", смета Лазаров.

nezavisne2

Потоа капитенот на националниот тим се осврна на националната репрезентација и процутот на ракометот како спорт воочи Европското првенство во Хрватска.

„Македонија веќе со години е на големите натпреварувања. Вардар оствари голем успех во Лигата на шампионите, работи во континуитет, а и три до четири години има сличен тим. Голема заслуга за подемот на ракометот има и ривалството меѓу Вардар и Металург", коментира Лазаров.

Да се остане здрави и на крилата на навивачите според Лазаров е клучот да се оствари успех во Хрватска.

„Најважно е сите да бидеме здрави кога ќе почнат подготовките. Треба да го чекаме својот момент, па ќе видиме дали можеме да направиме успех. Очекувам голем број наши навивачи да дојдат во Хрватска и одлична атмосфера на нашите натпревари. Што се однесува до фаворитите за европската титула, би ја издвоил Хрватска. Не ја исклучувам Франција, а и Германија е многу силна репрезентација", заврши Лазаров.

Избраниците на Раул Гонзалез во јануари се дел од групата во Загреб, заедно со Словенија, Црна Гора и Германија.

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА: