evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

16.09.2015 Balkan Handball

kire inervju bh2015

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров во интервју за специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball" говореше на скоро сите ракометни теми поврзани со неговата кариера, клубот и репрезентацијата. Тој се наврати на почетоците и еден од највлијателните тренери во неговата кариера.

Србинот Никола Јевремовиќ: „Покојниот Јевремовиќ ми беше тренер една и пол година. Можам да ви кажам дека го мразев 14,15 месеци. Тренирав од 9 до 12 часот, па назад в хотел на туширање, па во автобус на училиште и пак назад од 6 до 8 попладне на тренинг. Буквално ме малтретираше, но се исплатеше. Секогаш кога можам го споменувам. Тој тоа свесно го правеше и имав среќа да работам со него на 16 години. Тоа беше мојата среќа, прав човек на право место. Тоа е она што често ни недостига. Дури и ми даде шанса пред Новокмет, кој беше сериозен играч во тоа време. Имав среќа што го имав „Гужва„ за учител„ вели нашиот капитен за периодот во Пелистер.

Тој се осврна и на раководството на федерацијата и на Живко Мукаетов:

„Имаме одлични услови. Многу би го посакале Мукаетов за претседател. Имаме врвни услови, храна, сместување, патуваме со чартер лет. Имаме два одлични клуба во Македонија, Червар и Раул и играчите напредуваат под нивно водство. Ги имавме Прибак и Вугрунец, но нив не ги искористивме„ заклучи Лазаров. Тој верува дека со заминувањето во странство голем дел од нашите интернационалци ќе се дооформат. „Жал ми е за та што му се случи на Металург. Но кога веќе тоа се случи, добро е што Георгиевски, Јоноски, Миркуловски, Ојлески, Митревски заминаа надвор и ќе бидат уште подобри„ смета десниот бек на Барселона. Најдобриот клубски стрелец кој сеуште игра во европските купови, ги зацрта и плановите до крајот на кариерата. „Целта и мојот спортски пат е да освојам уште две Лига на шампиони, да заокружиме на три. Дали тоа ќе биде Скопје или Барселона, не е важно. Катар не го спомнавме, можеби тие ќе понудат нешто„ се шегуваше Лазаров. Тој за својот клуб и загубениот IHF Суперглоб вели: „Можеби е добро да се спуштиме по сезоната за која не сме свесни колку беше успешна. Дали сме посилни или не од минатата сезона ќе покаже времето, но Лигата на шампионите е се посилна и посилна„ заврши Лазаров.

Комплетното интервју можете да го погледнете ТУКА:

apple google StoreIconAmazon