evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

03.06.2015 Екипа.мк

laz ekipa

Во едно од првите интервјуа по освојувањето на Лигата на шампионите, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров за порталот ЕКИПА зборуваше за испонетата цел, но и веќе со мислите е со надеж за исполнување на наредната голема цел.

„Можам да кажам дека страста воопшто не ми се намали со освојувањето на овој трофеј и ќе сторам се за да го освојам барем уште еднаш. Сега чувствувам и дополнителна сила за да го повторам овој успех, да го искористам моментот бидејќи играм во најдобриот клуб во светот.

Целта со репрезентацијата е добро позната, да играм со Македонија на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Треба да одиме чекор по чекор, прво да размислуваме за претстојните квалификации за ЕП во Полска, но крајна цел сигурно остануваат квалификациите за Олимпијадата. Иако работите не зависат од нас, шансите за пласман на тие олимписки квалификации ни се прилично големи. Би било идеално, за заокружување на репрезентативната кариера да се направи се, со зеднички сили и сплотени, да обезбедиме учество во Бразил. Тоа можеби за Франција и Шпанија е нормална работа, но за една Македонија со два милиони жители, особено во колективен спорт, би било огромно задоволство, не само за нас како ракометари, туку и за целиот народ" рече во интревјуто за ЕКИПА, Кирил Лазаров.

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА: