12.01.2012 intervjua.com.mk

Ќе „гинеме„ за Македонија како кошаркарите, но не ветувам чуда
Се уште се силни впечатоците од успехот на кошаркарите во Литванија. Го гледаше ли и ти првенството таму и дали е тој успех некаков мотив за вас сега?
Секако гледав и секоја чест за кошаркарите. Тие го направија она што секој спортист посакува да му се случи, а тоа е да ја собере целата нација околу себе. Нивниот успех ја подигна повисоко летвичката на очекувањата, и ние сме свесни дека барем потсвесно секој македонски љубител на спортот помислува на нешто такво. Но, треба да сме реални. Ние не одиме по медал во Србија. Таков резултат би бил вистинска сензација, дури и за нас самите.

Не сакаме да го „палиме“ народот со преоптимистички ветувања. Меѓутоа сигурно, како што направија кошаркарите, и ние ќе „гинеме“ за својата земја. А, Господ е голем, и ако го заслужиш тоа, може да те послужи среќата. Верувам дека такво нешто е можно. На Светското првенство во Хрватска имавме шанса да влеземе во полуфинале, но не бевме подготвени ментално за таков чекор. Мислам дека сега сме подготвени, и ако ни се отвори таква ситуација нема да ја пропуштиме.
Погледнете го интервјуто во интегрално издание на: