20.06.2008 Дневник
Нема успех без одговорност
Една недела по мечот во Исланд, кога спласна целата еуфорија, прегледана снимка од мечот во Рејкјавик, свесни ли се Кирил Лазаров и целата репрезентација за успехот што го направија?
- Верувавме дека можеме добро да одиграме. Некој од играчите што беше дел од овој бараж, ако сега каже дека бил сигурен дека ќе поминеме, ќе излаже. Федерацијата првпат ни обезбеди добри подготовки, два силни турнира за кратко време, на кои учесници беа репрезентации што сега ќе играат на Олимпијадата во Пекинг, како Египет и Бразил, и силни репрезентации како Србија, БиХ, Црна Гора.
Се создаде добра атмосфера, добра подлога, со спаринг-партнери што ни овозможија да се склопат коцките, да добиеме во рутина и самодоверба. Во првиот момент не бев свесен, ниту знаев по мечот во Исланд како да ја искажам својата радост, едноставно останав нем. Не треба да го гледаме пласманот на СП како успех. Тоа е реалност за оваа генерација. Успехот е во тоа што ја елиминиравме репрезентацијата на Исланд.
Минавме репрезентација што ни во сон не сме сметале дека можеме да ја победиме. Нашето место на СП е заслужено. Ако се рангираме од 24 репрезентации, реално нашето место е околу 16 до 18 место. Но, требаше да минеме една бариера како што е Исланд, што во минатите години ни беше бауч, како што ни беа Унгарија, Србија. Созреавме, и играчки, и физички, и ментално, и ја минавме конечно таа фаза.
Погледнете го интервјуто во интегрално издание на: