evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

04.07.2014 www.vistina.mk

kire2-650x531

По завршувањето на долгата и исцрпувачка сезона во Шпанската ракометна лига и Лигата на шампионите со неговата Барселона и одигрувањето на ракометниот бараж двомеч со Грција за пласман на СП во Катар 2015 година, македонскиот ракометен „Моцарт" , Кире Лазаров го затекнавме на заслужен одмор во Скопје. Неговата пауза ја искористивме да му поставиме десеттина прашања, на кои нашата ракометна „златна седумка" со задоволство одговори, а ние ги преточивме во ексклузивно интервју за читателите на Вистина.мк.

-Што е тоа што и недостасуваше годинава на твојата Барселона да ја освои европската титула?

Тешко е да се каже конкретно. Нас не не победи никој, ние сами себе се победивме во полуфиналето мислејќи на финалето пред да заврши натпреварот во кој последните 10 минути водевме и со 6 голови разлика. Старите велат на грешките се учи, ова нека ни биде големо школо во новата сезона стартуваме уште поамбициозно.

- Колку македонските екипи Вардар и Металург се блиску да го повторат успехот на Кометал од пред една деценија и некој од нив да стане европски ракометен шампион?

Општо добро е за Македонија и целата држава што постојат Вардар и Металург како клубови. Јас лично би бил посреќен доколку овие клубови направат нови идоли на државата како што сме ние, кои достојно би не замениле, а со тоа би добиле уште посилна национална селекција отколку да го достигнат успехот на Кометал и да исчезнат како клуб во наредните години. Стратегијата е битен фактор за да имаме светла иднина не само во спортот туку во сите области во животот. Треба да размислуваме рационално и на долги патеки каде државата и ние како народ би профитирале.

-Кире Лазаров во Вардар или можеби Металург? Дали во моментов тоа е возможно, кого би избрал од овие два клуба и што би било пресудно за таквата одлука?

Имам активен договор со Барселона и огромно обештетување. Не сакам да зборам пред време ниту да ветувам. Ме води срцето секогаш. Кариерата ќе ја завршам во Македонија.

Kire-Lazarov-protiv-Dibirov-650x530

-Сметаш ли дека твојот брат Филип може да игра во некој голем европски клуб надвор од Македонија и дали со својот авторитет можеш да му помогнеш при таквиот трансфер?

Филип игра во еден од најдобрите десет клубови во Европа - Вардар. Напредуваше многу последната година како играч со Раул Гонзалес. Има страшен неискористен потенцијал во него и е доста интелигентен за ракометната игра бидејќи ракометот е таква игра. Од него зависи колку ќе го искористи потенцијалот и генетиката дадена од Бога.

-Несомнено си „прва виолина" во македонскиот национален состав. Колку на еден натпревар играш по „сопствени ноти", а колку според тактиката што ја наметнал и одредил селекторот во моментите кога се „крши резултатот"?

Секогаш ги почитувам тренерските зададени задачи. Во кариерата во 99% случајеви сум имал екстра соработка со сите мои тренери и сум во контакт каде сакам да го слушнам нивното мислење за мојата игра на одреден натпревар. Секогаш од секого може да се научи нешто ново, а јас така се надградувам. Поголемиот дел од нив ми давале слобода во играта увидувајќи ја мојата креативност на терен, кога сум слободен тогаш сум најдобар во креативноста.

-Зошто постојано се инсистира на тебе да ги шутираш пеналите во репрезентацијата, па дури и во моментот ако си на клупа, стануваш за да изведеш седмерец и колку е тоа твоја желба, а колку одлука на стручниот штаб и селекторот?

Тоа е одлука на селекторот - тренерот. Пеналот е голема одговорност за мене и во исто време и голем товар. За пеналот некој се изборил крваво добивајќи „ќотек". Секогаш сакам да го почитувам колегата за тој „ќотек" давајќи гол, инаку ќе се чувствувам неисполнето и предавнички.

-Дали по завршувањето на активното играње себе си се гледаш како ракометен тренер, и дали би прифатил да бидеш селектор на националниот тим?

Би сакал да продолжам во спортот. Таму би можел најмногу да придонесам со моето искуство и знаење.

kire3-650x484

-Дали Македонија има ракометна иднина по заминувањето на твојата генерација и во кој млад ракометар гледаш свој наследник?

Македонија има иднина. Затоа ми е поважно Вардар и Металург да создаваат иако е добро да се размислува и за титула, но паралелни успеси се идеално решение. Што ако Кометал беше шампион, а сега не постои како клуб?! Која ја презеде одговорноста за негово распаѓање, а во времето на титула сите беа најзаслужни. Како што Барса треба да научи од изгубеното полуфинале со Флензбург така и Макeдонија треба да научи со случајот „Кометал"!

-Пандев направи фудбалска академија во Струмица. Дали Kире ќе направи ракометна во Свети Николе?

Ја поддржувам таа идеја. Сега за сега ништо, само аматерски бидејќи во создавање и инвестирање во нешто такво сакам да бидам присутен на лице место и да се дадам сиот себе. Сега за сега сум се уште интернационалец.

-За кого навиваш на Светското првенство во Бразил и твоја прогноза за тоа кој ќе се најде во финалето, а кој ќе биде нов светски првак?

Навивав за Шпанија но тие веќе се на Марбеља на плажа! Втор фаворит ми е Аргентина и колегата Меси. Германците се секогаш Германци и треба да се почитуваат. Но Argentina Campeon!!!

apple google StoreIconAmazon