hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

04.10. 2013 Balkan-handball

balkan04102013

Лазаров: „Ова е прав момент да се обезбеди ракометната иднина„

Во најновото опширно интревју за специјализираниот портал „Balkan-handball„ Кирил Лазаров говореше за првите два месеци минати во Барселона, за првите два трофеи, за слоганот Барса - повеќе од клуб. Но како и секогаш се осврна и на македонскиот ракомет, на ремито со Вардар во Скопје, на победата на Металург над ПСЖ и секако на репрезентацијата.

Како и најчесто Лазаров алармираше каде се нашите лимити и каде треба да се насочиме за подобро утре на нашиот ракомет „Ние или сме или во еуфорија или во трагедија, средина немаме. Овој пат треба да се користи за иднината на македонскиот ракомет. Ние треба да бидеме реални во тоа. Јас искрено се плашам да не ни се нема случи "Кометал" само сега во машкиот ракомет. Клубови се појаки кога имате квалитетна репрезентација. Кога се посилни, тогаш никој не се грижи за репрезентацијата, а таа е основа за иднината на ракометот. Бројот на странци не е ограничен и тоа е загрижувачки. Немаме јуниорски и кадетски тимови.Јас не се сеќавам кога игравме на голем турнир. Немаме млади играчи кои доаѓаат, особено на бековските позиции. Јас сум навистина загрижен, дека еуфоријата ќе помине порано или подоцна и ќе ни се случи пад за 20 години.

Kire-Lazarov03

Од друга страна, луѓето како Јорданов, Самсоненко, Михајловски и новиот претседател на федерацијата Мукаетов треба да се чуваат како злато. Нам ни треба свежа крв. Покрај Манасков, тука е и Гоце, но бекови ни за лек. Без вистински млади, бекови за ротација, ти си никој и ништо. Се спомнуваат млади играчи кои доаѓаат, а веќе имаат 20 години, а немаат зад себе ЕП и СП во јуниорска или кадетска категорија. Ако споредам со мојата генерација, ние ги имавме многу. Јас со 16 години играв во Лигата на Шампионите, а на 19 бев важна алка во Загреб. Мора да се реагира веднаш и да се ограничи бројот на странците до 7-8, и секоја година да се намалува за еден. Тоа е единствениот начин ако сакаме да имаме ракомет во следните 10-15 години. Додека јас играв во Пелистер, имавме неколку странци, но со висок квалитет, а од некои од нив можев многу да научам како млад играч. Кај нас во моментов има голем број на екстра квалитетни странци и странци со исклучително слаб квалитет. Македонците речиси исчезнаа. Нашата основна цел е исполнета со квалификувањето за Европското првенство и одржување на континуитетот на учества на меѓународните натпреварувања. Ќе видиме понатаму како работите ќе се одвиваат. Добар ветер дува во Федерацијата, предводена од Мукаетов. Ние сонуваме, ние сонуваме за нешто, но за тоа е премногу рано да се зборува. Ќе видиме како работите ќе се одвиваат до јануари„ заклучи Лазаров.

Погледнете го интервјуто во интегрално издание на:

http://www.balkan-handball.com/balkan/kiril-lazarov-za-bh-pravi-trenutak-da-se-obezbedi-buducnost-mk-rukometa/

Share