15.07.2013 marili.com.mk
Лазаров: „Јас живеам за ракометот„
Во опширно интревју за www.marili.com.mk новиот член на Барселона, Кирил Лазаров говори 360 степени за сите негови актуелни теми, за неговата најголема љубов - ракометот, за звездените и тешките моменти, за подемите и падовите.
„Успех е да бидете доволно храбар за нов почеток. Барселона е градот за кој сум копнеел како дете, отсекогаш сум сакал да живеам таму и во следните две години ќе имам можност секое утро да го гледам Сонцето, како ја буди најмоќната спортска метропола на светот. Во Барселона имав можност да заминам уште кога бев дел од „Веспрем" и „Загреб". Барселона ја посакував со сето свое срце и верувам и знам кога сакате нешто со чиста искрена и неприкосновена безусловна љубов не постојат препреки да го живеете сонот. И тоа треба да е правило кое важи за сите на Планетава, не само за мене. Во изминативе години двапати имав понуда од Барселона, но ете ја прифатив третата.
Размислував цели 15 минути пред да кажам „ДА". Околностите во мојот досегашен клуб Атлетико Мадрид, можеби беа причина плус за така брза одлука, покрај силната желба и зрелост да бидам дел од најдобрите. Челниците во клубот од Мадрид од една страна ми дадоа зелено светло да заминам, иако имав уште една цела година договор со тој клуб. Но, од друга страна претседателот ја одоговлекуваше средбата со мојот менаџер затоа што едноставно не сакаше да ме пушти. Но чекав, верував и дочекав. Во Барселона внимаваат на секоја ситница, на секој дел на комплетниот ментален и телесен склоп. Последните здравствени прегледи беа клучниот одговор дали ќе бидам дел од клубот или не. Детален преглед на секој атом од мене. Кога го слушнав докторот како вели: „Срцето на Лазаров е во одлична состојба", тогаш со сигурност знаев дека стигнав до целта за која потрошив 22 години од животот, мојот иден дом е Блауграна. Барселона е повеќе од клуб во кој ќе го дадам мојот максимален придонес„
Погледнете го интервјуто во интегралнo издание:
http://marili.com.mk/web/Cont.asp?ID=2369