hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија загуби од Црна Гора во дуел со премногу грешки

mkd mne

Македонија – Црна Гора 24:28 (16:17)

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз и веќе е елиминирана од Европското првенство. Подобри од младите ракометари на Лазаров беа Црногорците, кои славеа во Дебрецин со 24:28 (16:17).

Црногорците подобро отворија и Вујовиќ (три гола) и Радовиќ брзо донесоа 0:4 во третата минута. Следеа три гола на Томовски и три гола на Серафимов и Македонија фати приклучок (3:5). Нашиот стручен штаб повика минута одмор во 14. минута при водство на противникот од 3:8.

Само што влезе во игра Миркуловски погоди од чекор во мрежата на Симиќ. Се разигравме, погодуваа во серија Кузмановски, Пешевски и Костески и Македонија спушти до -2. Брзата игра и два одбранети зицери на Митревски ни дадоа шанса и Кузманоски и Костески реализираа за 16:17 по првиот дел.

На почетокот од вториот дел израмнивме, а и Митревски делуваше многу сигурно. Сепак, Вујовиќ и Шеваљевиќ ја одржуваа разликата од 2-3 гола во полза на нашиот ривал. Мотивиран беше Велковски, автор на шест гола од шест обиди по три четвртини од натпреварот и токму благодарение на неговиот настап Македонија остана во игра до самиот крај. Црногорците направија погрешна замена во 46. минута и заигравме со двајца ракометари повеќе. Но, наместо приклучок Симиќ одбрани неколку зицери, а Шеваљевиќ зголеми на 21:24. Во хаотичен финиш, исполнет со многу грешки, Македонија не се ни доближи и загуби со 24:28.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Велковски со шест гола од седум обида, пред Цветан Кузманоски со пет гола, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов стрелаа по три пати. Кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ имаа по шест реализации. Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари. Противник ќе биде селекцијата на Данска која важи за главен фаворит за златото и воедно беше ривал на нашиот национален тим во квалификациите за овој голем ракометен настан.

Share