hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Вчера ги пофалив момците, а денес ќе им укажам на грешките

kire press posle slovenija

Впечатоците од првиот натпревар на Македонија на Европското првенство против Словенија се позитивни. Македонија беше поразена, но одигра добар натпревар против селекција која е долго време заедно и е составена од ракометари кои играат во најдобрите европски клубови.

Денес селекторот Лазаров даде една кратка анализа на вчерашниот дуел.

„Намерно не го гледав натпреварот синоќа. Иако владее задоволство и позитивна атмосфера многу работи што ги договаравме не ги исполнивме. А сепак бевме блиску до ривалот. Синоќа сакав да ги пофалам, но денес морам да им укажам на грешките. Сега имаме видео анализа и состанок и ќе разговараме. Не треба да ги понесат емоциите и треба да се фокусираме на договорот. Сепак, се работи за млада екипа и како поминува времето треба да станат победници и да научат како се победува. Тоа малку ме загрижува, бидејќи на договорени работи ние паднавме.

Сепак, ми се допаѓа впечатокот, но тоа не смее да не успие. Сакам да бидеме уште подобри и да се дадеме задача како колектив да бидеме подобри против Црна Гора. Не треба да се оптеретуваме со противниците, туку да се концентрираме на себеси. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не. Противниците ќе бидат само појаки и појаки, бидејќи сите во Европа работат квалитетно.

Фокус и концентрација е првото нешто што го барам од играчите. Ме водат и мене емоциите, но имавме премногу индивидуални грешки во краток период. И кај Кузмановски, и кај Талевски, и кај Ѓорѓиев, кај Велковски. Ќе им го пренесам ова на еден позитивен начин и тие треба тоа да си го стават во глава", заврши Лазаров.

Натпреварот против Црна Гора Македонија ќе го игра утре од 18:00 часот.

Share