
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Европското првенство во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 35 имиња, кои ќе се подготвуваат на крајот на месецот.

Репрезентацијата на Македонија е во група A заедно со репрезентациите на Словенија, Данска и Црна Гора. Натпреварите од група А ќе се одиграат во „Фоникс Арена" во Дебрецен, Унгарија.