
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи кои ќе ги започнат подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Македонија подготовките ќе ги започне на 22 декември во 12:00 часот, во хотелот „Александар Палас" во Скопје. По завршувањето на собирот, ракометарите ќе се заминат во Маврово, ќе биде одработен првиот дел од подготовките. За време на подготвителниот период пред настап на Европското првенство македонската селекција ќе одигра пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и Израел.