hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров прозиваше, Македонија ги започна подготовките за ЕП 2022

mak-rakomet-sobir-na-rakometna-reprezentacija-22122021-3835

Македонската ракометна репрезентација денес го одржа првиот собир и ги започна подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Селекторот Кирил Лазаров првата прозивка ќе закажа во хотелот „Александар Палас".

На списокот се најдоа 25 ракометари, четворица од нив ќе се приклучат подоцна. Станува збор за Никола Митревски, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои имаат обврски кон клубовите. Младиот кружен напаѓач Марко Стојковиќ дополнително е повикан од стручниот штаб.

Македонската репрезентација по собирот и тестирањето за коронавирус замина во Маврово каде ќе го одбработи првиот дел од подготовките, но и ќе одигра два од четирите контролни натпревари. Прв спаринг партнеr е селекцијата на Кувајт, а мечевите се закажани за 27 и 29 декември. По враќањето во Скопје, ракометарите ќе ги одмерат силите со Израел, мечеви кои се закажани за 3 и 4 јануари.

Share