hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Цврсто стоиме на земја, но веруваме во убави работи

mak-rakomet-sobir-na-rakometna-reprezentacija-22122021-3976

Eвропското првенство во јануари ќе биде првиот голем турнир за Кирил Лазаров како селектор на нашата најдобра селекција.

Ракометниот тим го продолжува континуитетот со новиот настап на уште едно големо натпореварување.

„Најпозитивното нешто е што репрезентацијата од 2012 година има континуитетот и тоа ние е основната цел до сега, ќе ни биде и понатаму. Започнат е процесот на подмладување, неминовно е една генерација да замине и да дојде нова. Сепак, секогаш се добредојдени искусни играчи како Миркуловски, Стоилов, Митревски...да не ги набројувам сите. Не се откажуваме од ниту еден играч и затоа ќе биде благодарни, посебно на Филип Миркуловски кој прифати да ни биде на располагање".

„Ќе играме во тешка група затоа знаеме што не очекува и стоиме цврсто на земја. Данска е олимписки, светски, европски шампион...Не треба да трошам и зборови за индивидуалниот квалитет на Словенија. Данците сигурно ќе не сфатат посериозно после победата во Скопје, тешко ќе биде да повториме таков успех. И Црна Гора е репрезентација за почит, играат со срце и желба за државата, мораме да бидеме претпазливи", вели селекторот.

На шампионатот Македонија ќе игра во групата А заедно со Данска, Словенија и Црна Гора натпреварите ќе ги играме на 13 јануари (Словенија), 15 јануари (Црна Гора) и 17 јануари (Данска).

Share