hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија со супер-финиш го совлада Кувајт во вториот тест во Маврово

nenad-kosteskimkd

Македонија - Кувајт 22:21 (11:12)

Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Кувајт со 22:21 во Маврово, во дуел од подготовките за Европското првенство. Нашиот национален тим одигра меч во кој резултатски беше во негатива во првото полувреме со 11:12, во второто ја надополни разликата со 11:9 и победи со гол разлика за конечни 22:21.

Нашиот тим имаше и период во кој голгетерски потфрли, цели седум минути бевме без ниту еден запишан погодок, но во финишот одигравме со многу концентрација победивме и со добра серија од негатива дојдовме до позитива. На нешто повеќе од минута до крајот резултатот го израмни Ѓеоргиев кој погоди за 21:21. Следниот напад на Кувајт заврши со пробивање, а Георгиевски реализираше уште еднаш за 22:21 за Македонија на 15 секунди до крајот од средбата. Кувајт имаше време за уште еден напад, а имаше зицер шут кој заврши со одбрана на Томовски, кој беше херој во последните моменти од средбата.

Томовски запиша осум одбрани, Митревски шест, додека кај стрелците најефиксен беше Ѓоргиев со шест погодоци, Костески и Маџоски по четири гола.

Share