hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Катастрофален пораз од Австрија и елиминација од ЕП

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Avstrija 14.01.2020-69031

Австрија - Македонија 32:28 (18-12)

Македонската ракометна репрезентација доживеа дебакл против Австрија во последниот меч од групната фаза, загубивме со 32:28 и го завршивме настапот на Европското првенство. Австријците подобро го започнаа натпреварот, поведоа, а и Стоилов во втората минута беше исклучен. Следеа „бомби" на Божовиќ и Билик за 4:1 во петтата минута. Македонските ракометари одговорија со голови на нашите кружни напаѓачи Пешевски и Стоилов, па и Георгиевски реализира контра за 4:4.

Пајовиќ постави стриктна одбрана на Лазаров и од две брзи контри домаќинот ја врати предноста (6:4). Ајхбергер се разбрани, ги сопре Лазаров и двапати Кузмановски, но Митревски одлично го чуваше и нашиот гол. Бројот на технички грешки на избраниците на Брестовац, Австријците го искористија и Вебер и Билик погодија за 9:6. Кога Вебер реализираше контра во 19. минута, првпат предноста достигна +4.

Нашата игра во одбрана се распадна, домаќините погодуваа од сите позиции и Фримел и Пош во 25. минута погодија полуконтра за највисоки 16:10. Ајсбергер беше централна фигура во првиот дел и со своите девет одбрани им овозможи на соиграчите на одмор да заминат со 18:12.

Во вториот дел Австријците неколку пати дојдоа до предност и од десет голови разлика, а откако видоа дека нема шанса да го загубат мечот се опуштија. Македонија во последните минути направи серија од 6:0 и успеа само да направи поразот на хартија да не изгледа толку висок. Загубивме со 32:28.

Стоилов со пет голови беше нашиот најефикасен играч денеска, по три дадоа Лазаров, Георгиевски и Маџовски. Голманите имаа вкупно седум одбрани, Митревски две во првото и Ристовски пет во второто полувреме. Кај Австријците Вебер постигна седум голови, Билик имаше шест, Божовиќ пет. Голманот Ајхбергер имаше 16 интервенции.

Со овој пораз Македонија го заврши настапот на Европското првенство, се чини дека ова е и реалноста на овој состав, која е поинаква од очекувањата на јавноста.