hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лошото второ полувреме ни донесе пораз од Чешка

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Ceska 12.01.2020-5979

Чешка - Македонија 27-25 (9-11)

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден меч со драматичен финиш, но овојпат загуби од Чешка со 27:25. Нашата репрезентација одигра одлично прво полувреме, особено во одбраната која функционираше беспрекорно и покрај тоа што Борко Ристовски имаше само три интервенции. Чесите тешко го наоѓаа патот до нашата мрежа, на одмор заминавме со со предност од 11:9.

Но следуваше пад во второто полувреме, Чешка почна со серија од 5:1, го сврте мечот и го диктираше резултатот. Чесите дојдоа и до највисоки четири голови разлика, 22:18, но Македонија се разбуди во финишот и успеа да го изедначи резултатот.

Бевме во игра се до последната минута, но овој пат драматичната завршница не беше во наша полза, Чешка заслужено победи со 27:25.

Лазаров со 11 гола беше прв стрелец кај Македонија, Манасков постигна пет, а Георгиевски четири погодоци. Каспарек со седум гола и Галиа со 14 интервенции се исвоија во чешкиот табор.