hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров: Отидов на сè или ништо и ја презедов одговорноста

EHF EURO 2020 rakomet Makedonija-Ukraina 10.01.2020-5182

Македонија со триумф го започна Европското првенство, „црвено-жолтите" вечерва потешко од очекувањата славеа против Украина. Иако во два наврати имавме позитива од пет гола, двата бода беа осигурани во последните секунди од мечот.

Капитенот Кирил Лазаров превзеде одговорност, шутна од девет метри и донесе победа од 26:25.

„Во послендо време ми оди некако да давам голови во последните секунди. На последните три или четири напади, младите играчи бегаа од одговорнотст, се гледаше од небо. Имав две или три шута кои не ги реализирав, нивниот голман имаше малку среќа, па се изнервирав, тргнав на сè или ништо... и испадна добро. Треба да научиме од овој натпревар, не треба да се плашиме, таков е спорот, или победувате или губите, а младите играчи на таков начин треба да напредуваат" - вели Кирил Лазорв.

„Ова е победа за Македонија. Сакам да се заблагодарам за поддршката и се надевам традицијата на овие големи натпреварувања ќе продолжи бидејќи Македонија е обединета, Македонија е среќна и тоа е најважно. Малку да го отргнеме вниманието од сите политики кои се водат во последните години. Сега ќе се одмориме и ќе се обидеме да дадеме поквалитетен натпревар против Чешка", заврши Лазаров.

Блескаше и Никола Митревски, кој ја доби улогата на стартен голман на премиерниот натпревар на овој европски шампионат. Битолчанецот со 15 успешни интервенции, запирајќи ги налетите на противникот беше еден од нашите клучни ракометари.