hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Норвешки судии ќе ја делат правдата на дуелот со Украина

20170730-jorum-kleven-01

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за првото коло во сите шест групи. Македонската селекција в сабота во вечерниот термин во „Штадхале" во Виена ќе дебитира против Украина, а правдата ќе ја делат судии од Норвешка.

Ларс Јорун и Харалд Клевен се делегирани за дуелот со избраниците на Бебешко, а претходно натпреварот Чешка - Австрија ќе го судат Елиасон и Палсон од Исланд.

Натпреварот на отворањето на турнирот во Грац меѓу Белорусија - Србија им е доверен на Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека. Дуелот меѓу Хрватска и Црна Гора ќе го водат Брунер и Салах од Швајцарија.

Македонските судии Николов и Начевски не се делегирани во првото коло.