hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ракометарите го имаа првиот собир пред подготовките за Полска

rakomet reprezentacija

Ракометната репрезентација на Македонија, денес го одржа првиот собир за почеток на последниот дел од подготовките пред настапот на Европското Првенство во Полска во јануари.

Во пријатна атмосфера во хотелот „Русија" во Скопје репрезентативците се состанаа и низ ручек поразговараа за периодот на подготовки што ги очекува пред настапот на континенталниот шампионат.

Според планот на подготовките, со редовни тренинзи во СЦ „Јане Сандански" се почнува утре, а ќе се тренира два пати дневно. Нашата репрезентација своите први подготвителни натпревари ќе ги одигра на 4 и 5 јануари во Словенија против домашниот национален состав, а пред заминувањето за Полска ќе одигра тест средби и во Скопје, против Црна Гора на 10 и 11 јануари.

Share