hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Словенциите се спасија од пораз, реми на нашите ракометари во Цеље

slo - mkd 1

Словенија – Македонија 23:23 (13:12)

И во вториот пријателски натпревар, Словенија и Македонија ремизираа во подготовките за европското првенство во Полска (23:23). Во салата во Цеље овој пат Словенија спасуваше реми, откако на 8 минути до крајот, Македонија водеше со 23:20. Мечот почна со цврсти одбрани и добар влез за нашите ракометари кои со голот на Костески поведоа со 0:1. Филип Лазаров исто така добро го отвори мечот, но по 1:3, следеше мини-серија на словенечките ракометари кои поведоа со 5:4 со головите на Кавтичник и Бомбач. Македонија одговори со првиот гол на Кирил Лазаров и на брзите крила и при 8:10, Веселин Вујовиќ побара тајм-аут. Словенечките ракометари ги средија своите редови и со головите на Бомбач во финишот на првиот дел обезбедија минимална предност (13:12).

Вториот дел започна со дебитантскиот гол на Филип Кузмановски, но домашните ракометари делуваа посолидно и поведоа со 16:13 во 36 минута. Македонија беше на ред да доминира и во пет минути Лазаров и Кузмановски донесоа егал на средина од второто полувреме (17:17). Долгата клупа ни донесе карактерно водство во периодот меѓу 48 и 54 минута. Митков и на два пати Прибак погодија за 20:23 и се чинеше дека Македонија го има рецептот за победа. Маргуч и Зарабец реализираа и Словенија во последната минута израмни на 23:23. Дури и момците на Вујовиќ имаа и напад за победа, но Митревски го одбрани ударот на Деан Бомбач и мечот како и вчера во Кршко заврши без победник, овој пат 23:23. Кирил Лазаров со 7 гола и Кузмановски со 3 гола беа најефикасни кај нашите ракометари. Македонија утре се враќа во Скопје, а веќе в недела и в понеделник ќе се пресмета со Црна Гора во СЦ „Јане Сандански".

Share