hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија спремна оди за Полска: Победена Црна Гора со атрактивна игра

MAK rakomet Makedonija-Crna Gora-4164

Македонија – Црна Гора 35:28 (19:14)

Во исполнетата спортска сала „Кале" дуелот на Македонија и Црна Гора требаше да ги заокружи добрите подготовки на нашите репрезентативци. Капитенот Кирил Лазаров од седмерец го отвори резултатот по само 50 секунди. Грбовиќ по скоро 4 минути го постигна првиот гол за гостите и намали на 2:1.

Истиот ракометар ги казни нашите технички грешки и во 9 минута, Црногорците поведоа со 3:4. Дејан Манасков со два гола од отпадоци го врати нашето водство (6:5). Капитенот додаде уште два гола за водство од 9:7 на половина полувреме. Во најхаотичниот дел од средбата, Прибак и Гоце Георгиевски погодија за 11:9 за нашата репрезентација во 20 минута. Жарко Пешевски изнуди два седмерци и Дејан Манасков погоди од линијата за 13:11. Петричевиќ и Вујевиќ ја прекинаа нашата серија, но Лазаров со петтиот гол врати на најчестите +2.
Неивентивноста на црногорскиот напад и нивните технички грешки понудија шанси за Манасков и Георгиевски, кои погодија од контранапади за 18:14. Со велемајсторскиот цепелин на Лазаров и Манасков на одмор нашата селекција замина со високи +5.

Црногорските ракометари подобро го почнаа вториот дел и ја погодија мрежата на Дупјачанец за 21:18 во 36 минута. Миркуловски и Манасков веднаш одговорија со голови за пак највисоки +5. Се разигра целиот наш ростер и без проблем ја одржувавме предноста од 4-5 гола. Капитенот Лазаров со својот седми гол на средина од вториот дел погоди за 27:22. Немања Прибак со својот четврт гол првпат ни донесе +4 во 46 минута. Филип Кузмановски со играч помалку погоди за 29:25, но веднаш Милошевиќ спушти на -3. Сепак Ојлески со еден изнуден седмерец и еден гол од крилна позиција го направија одлучувачкото одлепување за 32:26 во 53 минута. До крајот рутински приведен мечот кон крај за победа од 35:28 против Црногорците.

Во македонската репрезентација блескаа Манасков со 12 и Лазаров со 7 гола, а кај Црна Гора се истакнаа Грбовиќ и Чавор со по 4 гола. Утре двете репрезентации играат нов контролен меч, овој пат од затворен тип.

Фото:Филип Вирановски

Share