hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија пристигна во Краков, ЕХФ делегираше дански судии за првиот меч

12418826 1201867029841352 4574390397029303152 o

По 90 минутен лет од Скопје до Краков македонската ракометна експедиција пристигна во Полска со цел да остане што е можно подолго на европското првенство. Нашата делегација веднаш се смести во хотелот „Хилтон" во непосредна близина на „Краков арената" каде ќе се играат трите натпревари од А групата.

Денес не е предвиден тренинг, а официналниот е утре во 18:30 часот. Тогаш селекторот ќе одреди кои 16 ракометари ќе ги пријави за мечот со Франција в петок. ЕХФ ги делегираше данските судии Гјединг и Хансен од Данска за делители на правдата на натпреварот. Полска и Србија в петок од 20:30 часот го играат вториот натпревар од групата.

Share