hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија никогаш не ја победила Франција и не дебитирала на ЕУРО со победа

foto trening

Македонија никогаш не победила на старт на европско првенство и само еднаш ремизираше, со два порази. Франција е четвртиот противник на стартот, со надеж за подвиг.

1998 година – Македонија – Унгарија 20-29
2012 година – Македонија – Шведска 26-26
2014 година – Македонија – Данска 21-29

Овој меч со „галските петли" ќе биде четврт помеѓу двете репрезентации. Најнапред игравме во подготовките за Светското првенство во Катар, во финалето на турнирот во Нант, Македонија загуби со 10 разлика. Подоцна Франција два пати славеше против нашиот национален тим во квалификационите мечеви за ова првенство. Минимално беше за момците на Онеста во Скопје, а убедливо во Тулуз.

Турнир во Нант: Франција – Македонија 30-20
Квалификации за ЕП: Македонија – Франција 25-27
Квалификации за ЕП: Франција – Македонија 35-24

Share