hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

50 минути отпор, па брзоплетост и пораз од француските шампиони

EHF EURO 2016 rakomet Francija-Makedonija PRVO-5194

1

Франција - Македонија 30:23 (12:12)

За прв пат на големите приредби Македонија против себе ја имаше моќната Франција. Мечот почна израмнето со по два гола на Кирил Лазаров и Мишел Гигу и исклучување за Филип Кузмановски. Првата половина од полувремето мина комплетно израмнето и Георгиевски и Манасков погодија контранапади за прво наше водство (4:5). Дури и со човек помалку Кирил Лазаров и Дејан Манасков изведоа спектакуларен цепелин за +2 на половина полувреме. Ристовски на голот им одбрани зицери на Нарцис и Никола Карабатиќ и предноста на галските петли остана +2. Сепак во финишот на првиот дел Манасков постигна гол за 12:12 и имаше зицер за водство, но Омејер одбрани и со нерешен резултат се отиде на одмор.

Вториот дел започна со повеќе технички грешки, но ниту една од двете репрезентации не успеа да се одлепи. Борко Ристовски му одбрани седмерец на Гигу на 17:16 во 39 минута. Но и покрај нашиот изедначен почеток на вториот дел, Французите направија серија 3-0 и Обрван повика тајм-аут на 20:17. Реагиравме со голови на Лазаров, Манасков и Георгиевски и одличен Борко на голот за 20:20 за само две минути. Миркуловски со гол под фаул реализираше заа 22:22 во 51 минута. Затаи нашиот напад, Прибак промаши зицер, а Нарцис со лесен гол низа нашата зона зголеми на +4, првпат во мечот. На крајот убедливи 30:23 за Франција и преубедлива казна за нашиот солиден меч.

Во нашата репрезентација Кирил Лазаров постигна 9, а Дејан Манасков беше стрелец на 5 гола. Кај Франција се истакна Сорондо со 6 гола.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share