hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Два тренинга пред утрешниот меч со Полска

EHF EURO 2016 Makedonija-Francija zagrevanje i    navivaci-4993
1

По поразот од Франција со 30:23, македонските ракометари веќе се носочија на денешните активности кои се најава за она што ги очекува утре на вториот меч со Полска на 12. европско првенство.

По агендата утрово следува тренинг од 9:30 часот во големата арена во Краков, каде синоќа се играа мечевите. Попладнево во 18:30 во помалата „АВФ арена" Обрван и ракометарите ќе го одржат вториот денешен тренинг, а меѓу двата тренинзи следи и анализа на противникот, веројатно низ вчерашниот меч на Полска со Србија.

Неколку ракометари се потрошија повеќе од предвиденото и важно е да се рекуперираат пред мечевите со Полска и Србија, кои се одлучувачки за нашата иднина на шампионатот.

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share