hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Одработен вечерниот тренинг, ЕХФ со парична казна за Македонија

kirepollsa
0

Македонската ракометна репрезентација го одработи попладневниот тренинг во малата сала во Краков, каде имаше можност да се направат последните подготовки за мечот со домашниот тим на Полска утре во 20:30 часот. Сите ракометари тренираа и се во исчекување на утрешниот натпревар, кој може само да ни донесе голем чекор во борбата за пласман во втората фаза.

По натпреварот со Франција, ЕХФ и одреди парична казна на нашата репрезентација од 500 евра поради тоа што сите играчи не играле во идентична спортска опрема односно немале исти чорапи. За разлика од нас, Франција заработи парична казна од 1500 евра од кои 500 поради различни чорапи и 1000 поради тоа што на ракавите на своите дресови го немале логото на ЕП во Полска.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share