hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ни лежат полските бекови, не се брзи и не финтираат

EHF EURO 2016 rakomet Francija-Makedonija   VTORO-5478
0

Кирил Лазаров секогаш биле проблем за полскиот национален тим. Даде 13 и 9 гола во двата претходни мечеви со Полска, тогаш водена од Богдан Вента. Асот на Барселона признава дека дефанзивната игра и конституцијата на полските бекови и нам ни лежи.

„Ние секогаш ќе играме на победа. Од друга страна, треба да се биде реален и да се признае дека Полска е фаворит за медал, можеби и за титулата. Имаме позитивен скор со нив и можеме да играме. Стилот ни одговара, бидејќи имаат корпуленти бекови со кои традиционално подобро се снаоѓаме отколку со пониски, но и побрзи бекови кои лесно прават финти. Го гледавме мечот со Франција и видовме дека и покрај добрите 50 минути, сепак имаме многу што да поправиме. Целта ни е јасна, да го минеме првиот круг, тоа е нешто што мораме да го направиме, а би било добро со некој бод в џеб", изјави Лазаров.

Мечот меѓу Македонија и Полска се игра вечерва во „Краков арената" од 20:30 часот.

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share