hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија не го зададе завршниот удар, бодовите се за Полска

kire so polska penal
0

Македонија - Полска 23:24 (13:11)

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на европското првенство, откако вечерва загуби од домаќинот Полска со 23-24. Во третиот меѓусебен меч, Македонија против Полска ги оспособи Наумче Мојсоски и Филип Лазаров. Стружанецот почна и во стартниот тим.

При 1:1 го разбранивме Шмал, кој ги одбрани ударите на Манасков и Миркуловски. Возврати нашиот „министер за одбрана" Борко Ристовски и со две одбрани ни овозможи прво водство (голови на Миркуловски и Лазаров). Капитенот мудро ја „прочита" полската одбрана и со четвртиот гол во 20 минута зголеми на 9:6. Сите линии на нашата игра функционираа, од голманот Ристовски, па и до головите од клупата кои ги донесоа Прибак и Филип Лазаров. Да не беа престапите на Дејан Манасков кои ги досудија германските судии, на одмор ќе заминевме со многу повеќе од 13:11, резултат со кој се отиде во соблекувалната.

Второто полувреме го отвори капитенот Лазаров со гол од седум метри, но домаќинот реагираше и Храпковски и Микаел Јурецки намалија на -1. Мечот влезе во фаза на грешки, па со 17:17 сите карти во последните 20 минути беа отворени. Тогаш се повреди Никола Марковски и не изгледаше најдобро неговиот скочен зглоб. Лазаров со шестиот гол, реализаран од седум метри во 46 минута израмни на 18:18 и се играше гол за гол. Нашата игра влезе во кризен период и добредојден беше голот на Стоилов за 19:20 и исклучувањето на Чиба. Лијевски од втор обид го совлада Ристевски за 20-22 во 56. минута, но во следниот напад Храпковски беше исклучен (црвен картон заради три исклучувања). Нашиот тим намали на -1 и имаше напад за реми. Сепак ударот, но Лазаров беше изблокиран и Полска го доби мечот со 23-24. Во нашата селекција, Лазаров постигна 8 гола, а Филип Миркуловски беше автор на 6. Кај домаќините Камил Сипржак со 5 гола беше најистакнат.

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share