hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Никола Марковски нема да настапи против Србија

markovski
0

Кружниот напаѓач на македонската репрезентација, Никола Марковски, нема да настапи утре против Србија во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната фаза. Тој денес не тренираше, туку се појави во „АВФ арената" со мраз на зглобот, кој и натаму му е потечен.

Со оглед на тоа што со себе поведе тројца кружни напаѓачи, многу веројатно Обрван ќе го врати Жарко Пешевски во тимот, откако младиот ракометар на Металург не настапи во неделата на мечот со Полска. Сите останати репрезентативци нормално го почнаа вечерниот тренинг.

Share