hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија никогаш не губи кога игра на Водици

EHF EURO 2016 Makedonija-Polska PRVO-7069
0

Традицијата вели дека секогаш кога нашите ракометари играат на големиот христијански празник Богојавление Водици, тие победуваат. На овој ден во 2012 година на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка во Ниш со 27:21 и ја оствари целта.

Претходно на Водици во 2009 година, Македонија ја победи Полска со 30:29 и во групната фаза од светското првенство во Хрватска. Во оваа убава традици трета „алка„ е победата против Босна и Херцеговина во Доха на Светското првенство со 25:22.

Попладнево од 18:15 часот против Србија Македонија не смее да загуби доколку сака да продолжи да испишува историја на репрезентативниот ракомет.

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share