hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми со вкус на победа не носи во втората фаза

lazarov i nikcevic 2
0

Македонија - Србија 27:27 (13:13)

Виталниот меч за пласман во втората фаза македонската репрезентација го почна во белата гарнитура на дресови и со Немања Прибак во стартниот тим. Мечот почна израмнето со ефектни голови од двете страни. Лазаров постигна два гола, по нереализираниот седмерец на стартот и со четири израмнувања, дуелот започна како и што се очекуваше.

Но следеа два зицери кои Дарко Станиќ му ги одбрани на Манасков и едно промашување на Георгиевски и Србија првпат се одлепи на +2. Но нашиот тим реагираше и со првиот гол на Мојсоски и седмерецот на Дејан Манасков израмни на 9:9. Токму крилото на Вардар со гол од контранапад премиерно ни донесе водство и во 25 минута, Македонија поведе (11:10). Но ниту една од двете селекции не беше постојана и со 13:13 се отиде на одмор.

Лошо го отворивме и второто полувреме. Пак лесно му дозволивме на Станиќ да ни одбрани два зицери и тоа го искористи Ненадиќ со гол од седум метри за 17:18 во 41 минута. Со четири врзани гола ракометарот на Фуксе Берлин ја одржуваше Србија во натпреварот (19:19). Немавме решение за Ненадиќ и Шешум, но и српската одбрана примаше голови скоро од секој наш напад (23:23). По серијата наши грешки Шешум не казни и со 25:26, имавме 90 секунди и напад за да израмниме. Стоилов по одбиената топка од Станиќ израмни на 26:26 на половина минута до крајот. Ѓукиќ остана заборавен во аголот и постигна гол за 26:27 на 10 секунди до крајот. Дејан Манасков со гол со звук на сирената израмни и со слатко реми кое има вкус на победа Македонија ја мина групната фаза во Краков (27:27).

Во македонската репрезентација 10 гола даде Дејан Манасков, 6 постигна другото крило Георгиевски, а 4 беа дело на Кире Лазаров. Кај Србија според очекувањата, Петар Ненадиќ беше најефикасен со 7 гола, Шешум постигна 6 гола.

Share