hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија немоќна, Хрватска прелесно до бодовите

lazarov so hrvatska
0

Македонија - Хрватска 24:34 (13:17)

Мечот против двократниот олимписки шампион, Хрватска за македонската репрезентација беше вовед во втората групна фаза. Почнавме многу лошо во одбраната и со неверојатна леснотија крилата и Копљар ја пробиваа нашата зона за 1:4 во 6. минута.

Дури и кога фативме приклучок и Стоилов и Георгиевски постигнаа по некој гол, во одбраната не можевме брзо да се вратиме и примивме серија на голови по брз центар (4:9). Дупјачанец на голот одбрани неколку топки, но разликата пак беше загрижувачка. Дејан Манасков постигна три последователни гола од седум метри и намали на 8:13 во 25 минута. Целосно беше разбиена нашата одбрана за полувреме за заборав. Филип Кузмановски и Дејан Манасков со по два неодговорени гола пред одморот го поправија впечатокот за 13:17 на одмор.

Вториот дел започна во исто темпо. Прелесни голови во акции од по неколку секунди примија нашите репрезентативци за да не надеваат на експресно враќање (15:21). Голот на Филип Кузмановски на почетокот од вториот дел ни ги подгреа надежите, но следеа три на хрватските ракометари за 15:20. Мануел Штрлек како „молња леташе" низ контранападите, а и Мариќ потврди движења и квалитет за 18:26 во 44 минута. Без притисок и со мисли кон наредниот натпревар двете селекции го приведоа мечот до финални 23:33 (13:17) .
Во нашата репрезентација Дејан Манасков со 7 и Филип Кузмановски со 4 гола одиграа солидно, но колективно Македонија целосно потфрли. Кај хрватската перфектна селекција се издвоија Штрлек и Мариќ со по 5 гола.

Share