hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Бевме очајни и некоординирани

kire cro
0

Како и секогаш капитенот Кирил Лазаров излезе пред новинарите и по овој пораз и го анализираше лошо одиграниот натпревар против Хрватска.

„Го загубивме натпреварот во првите неколку минути, тие играа преку брз центар, бевме очајни и некоординирани. Нашите напади завршуваа неефикасно, реагиравме лошо на нивната одбрана. Не е исто да загубиш еден или десет разлика. Селекторот свесно нѐ одмори, нема што да се жалиме, со право нѐ седна на клупата кога не е наш ден. Кога не е добро, треба да се смени енергија на теренот и да се стават нови играчи", истакна нашиот најефикасен ракометар.

Македонската ракометна репрезентација утре нема да тренира, а средба со новинарите ќе има во 12:00 часот.

Share