hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров кандидат за најгламурозна личност во регионот

lazarov opstooo
0

Хрватскиот портал „glam.hr" на 15 февруари во концертната сала Ватрослав Лисински со почеток во 20:00 часот ќе се избира најгламурозна личност од регионот за 2015 година. Покрај балканските ѕвезди од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, во конкуренција влегоа и шест Македонци.

Во категоријата за најгламурозна машка личност од Македонија номинирани се: ракометарот Кире Лазаров, пејачот Даниел Кајмакоски и македонскиот шоумен Игор Џамбазов. Во втората категорија за најгламурозна женска личност се најдоа поп-дивата Калиопи, кралицата на ромската песна Есма Реџепова и водителката Ирена Спировска.

Критериумите за избор на најгламурозна личност за 2015 година се личностите да бидат од општествено јавната сцена во подрачјето на целиот регион, да не постојат никакви гласини ниту скандали во својата кариера, и мора да се занимаваат со хумантирана работа во своето слободно време и тоа со свои финансиски средства, а не со пари од спонзорите. Финансиските средства од овој настан ќе се донираат за хрватското здружение „Љубов на дело", кое за свои штитеници ги има децата кои боледуваат од малигни болести.

Share