evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Лазаров: Имаме обврска да ги добиеме следните два меча

EHF EURO 2016 Makedonija-Polska VTORO-7166
0

Македонската ракометна репрезентација во мир го подготвува мечот со Норвешка и во предност е што поодморна од ривалот ќе влезе во мечот вo понеделник попладне.

„Не сум од играчите што трчаат за голови. Ние сме имале натпревари на кои сум постигнал и по 15 гола, па сме губеле. Не сакам ниту да си наметнам на себе, ниту на моите играчи дека ја морам да дадам 10 гола за да победиме. Остануваат два меча кои имаме обврска да ги добиеме. Нема да биде лесно, но ќе дадеме сѐ од себе да го направиме тоа. Мислам дека Норвешка ги изненади сите на ова првенство, ќе видиме како ќе функционираат на другите мечеви. Нема да се оптоваруваме со нив, штом дошле на ова ЕП се квалитетни. Најважно е ние да се вратиме на нашето ниво, на она што знаеме и можеме да го играме. Свесни сме како колективно, така и поединечно дека секој има свои грешки, никој не е идеален, почнувајќи од играчите до стручниот штаб", дополни Лазаров.

Македонските ракометари тренираат вечерва во „АВФ арената" а следниот меч со Норвешка е в понеделник од 18:15 часот.

ФОТО: Филип Вирановски