hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми со Норвешка со поглед кон Рио за македонската репрезентација!

kire nor1
0

Македонија - Норвешка 31:31 (17:13)

Против една од најбрзите репрезентации на првенството, Македонија започна со гол на младиот Филип Кузмановски, но првите две норвепки акции траеа само по 10 секунди и завршија со голови за 1:2. Но капитенот Лазаров постигна три гола и по 9 минути поведовме со 5-4.

Продолживме половина полувреме да игра гол за гол со притивникот и на половина од првиот дел резултатот беше 8:8. Следеа шест минути на голови од двете страни. Филип Лазаров со два гола за македонската репрезентација одлично ги искористи понудените минути. Капитенот пак еше нерешлива енигма за одбраната на Норвешка и со седмиот гол на капитенот и веднаш потоа првенецот на Митков од крило, Македонија дојде до највисоки 16-13 во 28 минута. Филип Миркуловски во последните секунди од првиот дел погоди за високи 17-13 во наше одлично прво полувреме.

Вториот дел започна со два неодговорени гола на Норвежаните и ефектен седмерец на Кире Лазаров за 18:15. Во 40 минута за првпат дојдовме до пет гола предност со десеттиот гол на нашиот капитен (23:18). До 46. минута ја одржувавме предноста од 4-5 гола, но тогаш на сцена стапија нашите брзоплети грешки и Бјорнсен и Хансен спуштија на -3. По исклучувањето на Гоце Георгиевски, Норвешка се доближи на само еден гол заостанување во 52 минута. По тајм-аутот на Обрван, Мојсоски го постигна првиот гол, но возврати Хансен. Миркуловски возврати за 31:31 на 70 секунди до крајот. Норвежаните погрешија, па добивме напад за победа на половина минута до крајот. Ударот на Лазаров заврши во блокот и мечот пак донесе поделба на пленот како против Србија (31:31).

kire nor mvp

Во македонската селекција фанстастичен беше капитенот Лазаров со 11 гола, а Манасков даде 5. Во норвешкиот тим се истакна Кристијан Бјорнсен со 7 гола.

ФОТО: Филип Вирановски

Share