evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров: И да победевме, само ќе го замаскиравме нашиот лош турнир

kire so belorusija 20

 Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во изјавата по завршувањето на мечот се осврна на поразот од Белорусија и на севкупниот турнир, кој не ја задоволува неговата амбициозност и карактер:

„Јас ќе кажам дека ова беше неуспешен настап и да победевме, ќе замаскиравме некои работи. Ќе беше добро да се победи. Во спортот постојат победи и порази. Треба да се заборави ова. За два месеци имаме историска шанса за којашто се бориме целиот наш живот. И да бидеме најдобри кога најмногу треба. Не поставивме најјасна цел... Ако целта беше првиот круг да се мине, тогаш е успешно. Ако беше нешто повисоко, тогаш е неисполнета. Да се каже вистината во очи, да се признае, да се оди напред. Не смее да има препукување, вака беше, онака требаше да биде. Најважно е да бидеме здрави и во олимписките квалификации во април да бидеме најдобри, а имаме и за поправање многу работи", истакна капитенот.

Лазаров постигна 10 гола и беше веројатно единствена светла точка на мечот со Белорусија.

 

 

ФОТО:Филип Вирановски