evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640x1001

Шпанија убедливо ја надигра Македонија, Лазаров се повреди

39112813244 f6c297dd1e z

Македонија – Шпанија 20:31 (6:15)

Македонија загуби од Шпанија со 20:31 (6:15) во првиот натпревар од главната групна фаза во Вараждин. Момците на Раул, играјќи долго време без повредениот капитен Лазаров, не беа рамноправни против моќната и подготвена „црвена фурија".

Рибера како да се подготви за нашите „седум на шест", нашите напади се одбиваа од шпанскиот одбрандбен ѕид, а од контри се реде лесни голови. После 1-5 нашиот стручен шта побара минута одмор, но веднаш дојде мускулната повреда на капитенот Лазаров и нашата игра се распадна. Само Борко Ристовски го одржуваше дефицитот поднослив до 20. минута, но потоа со пет гола од контра напади, Шпанците на полувреме заминаа со 6:15.

39112812964 210af38c48 z

Селекторот на почетокот на вториот дел ги внесе сите млади сили и како да се предаде во обидот да го лови шпанското водство. Митревски, Пешевски, Велковски, Кузмановски, Поповски се обидоа да парираат колку што се може, но поразот беше неминовен. Митревски беше позитивен во македонската селекција, но Гонзало имаше повеќе од двата наши голмани заедно, и покрај добрата вечер на Борко Ристовски и Николче Митревски.

39822670361 74c3c41ed4 z

Најефикасни поединци на натпреварот беа Гурбиндо со шест  Фигуерас и Соле со по пет гола во шпанската селекција, а во македонскиот табор Манасков и Стоилов постигнаа по четири гола. Во вторник од 20.30 часот против Чешка, нашата селекција го игра вториот натпревар од главната групна фаза.