
Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров каде и да се појави, предизвикува голем интерес, па така беше и пред денешниот тренинг во салата на основното училиште во Мурско Средишче.
Ракометарите на Раул имаа пријатен пречек од повеќе ученици и нивната учителка. Главна ѕвезда бешe Лазаров од кои децата, но и учителката бараа фотографија и автограми.
Во Хрватска нашиот капитен е многу популарен и не чуди ваквиот дочек во малото место на хрватско-словенечката граница.