
Македонските навивачи ќе имаат ново собиралиште за време на Европското првенство, откако денес беше соопштено дека во Вараждин македонските фанови ќе имаат сопствена фан-зона.
Македонското катче се наоѓа на улица Капучински трг 10. В недела од 17.00 со македонска музика со Амир и Ивица ќе се потгрева атмосферата за дуелот со Шпанија, кој почнува во 20.30 часот.
Како и во клубот „Роко" во Загреб, се очекува огромна посета и добра забава, а многумина ќе се присетат и на фан-зоната пред девет години, кога во Вараждин нашата селекција ја играше групната фаза.