„Не сакам ситуации, кога не издвојуваат како фаворити. Нека биде како и досега, чекор по чекор. Не смееме да летаме, туку да продолжиме со борбена и квалитетна игра.
Следува Шпанија, ракометна велесила. Јас не сум ги гледал, но сигурен сум дека Раул ги знае до детали, се надевам дека добро ќе ни подготви тактика и ќе прикажеме уште една добра партија на шампионатот", вели Стоилов.