hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Добредојдени се трите слободни дена (ВИДЕО)

27968455489 e8e9b3946a z

Капитенот Кирил Лазаров ја поведе селекцијата на патот од Загреб кон Вараждин, каде попладнево Раул ќе го одработи првиот тренинг. Лазаров се наврати на вчерашниот натпревар, но исто така говореше и за потребниот одмор кој следи. Македонија три дена ќе биде без натпревар како награда за првото место во групата.

Против Данска и Шпанија никогаш не сме победиле, за разлика од Чешка, со која не врзуваат позитивни спомени од последните неколку години.

„Германците напишаа дека сме олдтајмери и дека ни треба време да се регенерираме. Добро ќе ни дојдат овие три дена, баш тоа ни требаше. Ќе се одмориме и в недела навечер ќе бидеме подготвени за Шпанија. Многу ни значи што имаме многу наши луѓе и навивачи. За нас е добро тоа што Унгарците се вратија дома, па така ќе има повеќе билети за македонските фанови", рече Лазаров.

Утре со натпреварите Данска - Словенија и Чешка - Германија почнува втората фаза од натпреварувањето во Вараждин.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share