hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Големо реми со европскиот првак, Столе има огромна поддршка

27969245069 fca0c4e5a9 z

Капитенот Кирил Лазаров по ремито против Германија истакна дека нерешениот исход е голем за нашиот национален тим и потенцира дека сите соиграчи стојат зад Столе Стоилов и му ја даваат комплетната поддршка за промашувањето во последниот напад на Македонија.

„Можеби требаше да победиме еден разлика, но овој реузлтат е супер. Одигравме реми со големата Германија, европски првак. Одигравме многу квалитетен натпревар, но промашивме многу изработени зицери, што ни се случуваше и во претходните средби. Има место за подобрување. Во Вараждин одиме без пораз, остануваме во игра за се. Одиме чекор по чекор. Веруваме во нас, имаме добра хемија, добра атмосфера, му дадовме поддршка и на Столе, тоа секому може да му се случи. Брзавме во последните напади, но резултатот е одличен, верувајте.

Македонија утре изутрина патува за Вараждин, а ќе дебитира в недела во главната групна фаза.

Share