hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми како победа за Македонија со моќната Германија!

24878036007 317b2a78c3 b

Германија – Македонија 25:25 (12:11)

Македонската ракометна репрезентација со реми со Германија, 25:25 како првопласирана во групата патува за Вараждин во втората група на Европското првенство. За првпат не загубивме од големата Германија на официјален натпревар.

Нашиот селектор се одлучи за игра седум на шест и со комбинаторика во играта преку двата кружни напаѓачи, Стоилов и Пешевски брзо поведе со 2:5. Капитенот Лазаров, кој во првиот дел и покрај стриктното маркирање постигна два гола и имаше три асистенции, со атрактивен цепелин ја подигна публиката во Загреб.

27968455019 e8a3cdc3c7 b

Сепак, Волф се разбрани (седум одбрани во првиот дел) и тимот на Прокоп максимално ги користеше нашите технички грешки. Винчек и Вајнхолд постигнаа заедно седум гола и бундес-тимот во 21. минута поведе со +3. Сепак, се разбранија нашите голмани Борко Ристовски и Николче Митревски и на полувреме Македонија замина само со еден гол заостанување (12:11).

39747017011 8fb628341a b

Со многу цврста одбрана и голови на Стоилов, Манасков и Лазаров ја вративме разликата од три гола за тајм-аут на Прокоп при 16:19 во 43. минута. Хајневетер застана на голот, а Винчек и Вајнхолд ја одржуваа Германија во мечот со нова серија на голови. Нашиот напад затаи и тимот на Германија со серија 4:1 поведе во 51. минута (21:20). Следеше игра гол за гол се до самиот финиш. Хајневетер одбрани зицер на 13 секунди до крајот и при 25:25 Германија тргна во напад.

За МВП на мечот беше избран голманот Ристовски (12 одбрани), а најдобри стрелци кај нас беа Талески со шест и Лазаров и Манасков со по пет гола. Кај противникот се истакна Вајнхолд со осум погодоци. Вечерва во нашата група се игра уште дуелот меѓу Словенија и Црна Гора. Од утре македонската делегација се дели во Вараждин за главната групна фаза.

Share