Георгиевски: Германија е велесила, не е трагедија дури и да загубиме (ВИДЕО)
Гоце Георгиевски, крилото на Македонија, е еден од ракометарите со најголема минутажа во нашиот ростер. Пред дуелот со Германија, вели дека „црвено-жолтите" имаат одличен старт каков што немале никогаш, а потенцира дека нема да е трагедија ни да се загуби на мечот со европскиот првак.
„Знаеме каква селекција е Германија, европски првак е, па и да загубиме не е трагедија. Ќе гледаме видео, па ќе одлучиме како ќе им се спротиставиме. Со овој одличен старт исполнивме дел од планот, никогаш вака не сме стартувале на Европско првенство", изјави Георгиевски.
Стоилов: Дојдовме без очекувања, а имаме две победи
„Имаме две победи, сега сме во многу добра позиција. Дојдовме без очекувања, Германија е апсолутен фаворит, ќе пробаме да ги изненадиме. Ако успееме добро, ако не здравје. Очекувам многу борба, Германците имаат врвни ракометари, но тоа не го плаши нашиот тим", изјави Стоилов.
Погледнете ги комплетните изјави на Георгиевски и Стоилов: