hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул: Мислиме само на Германија, не на следната фаза (ВИДЕО)

38825526585 310b26c419 z

Македонија продолжи да реди успеси на Европското пренство (ЕП) кое оваа година се одржува во Хрватска. Раул Гонзалез ја предводеше нашата репрезентација кон втора победа во групата Ц, овојпат против Црна Гора.

Шпанскиот тренер повторно ги повика на смиреност и заборавање на победата против Црногорците, а најави дека не се мисли на наредната фаза, туку само на утрешниот меч против Германија.

„Момците играа со срце, синоќа уживавме по натпреварот, но верувајте беше многу тешко. Црна Гора едно полувреме беше подобра. Но, во вториот дел реагиравме и среќен сум за победата. Сега треба да заборавиме на овој дуел и да се насочиме кон Германија. Попладнево ќе се спремаме со тренинг и со видео сесија. Верувајте ќе биде многу тешко, попладнево ќе одлучам со кои ракометари располагам. Не мислиме на следната фаза туку само на Германија" , изјави Шпанецот ден по победата над Црна Гора.

Погледнете ја комплетната изјава на селекторот Раул Гонзалес:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Дуелот со Германците е закажан за утре со почеток од 18.15 часот.

Share