hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Германија има најдобар ростер, но влева надеж како играше Словенија со нив (ВИДЕО)

38825525875 ab54c08d22 z

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е презадоволен од стартот на Европското првенство (ЕП) во Загреб и двете победи на двата меча во првата фаза.

„Ова е старт од соништата на едно Европско првенство. Сон на секој репрезентативец. Двата натпревари ги добивме во последната минута, тоа ни го јакне карактерот. Знаеме со која селекција утре играме, европски првак и селекција со најдобар ростер тука. Имаме уште многу да се подобриме, а и мечот на Германија со Словенија ни влева надеж. Драго ми е што здравствениот билтен е коректен и за тоа што добивме ширина во тимот", изјави Лазаров.

Македонија на Европското првенство е во друштво на Хрватска, Франција и Шпанија, кои исто така се максимални по првите две кола. Последниот меч од групната фаза против Германците, се игра утревечер од 18.15 часот и ќе го даде тимот кој ќе оди како лидер во наредната фаза.

Погледнете ја комплетната изјава на Кирил Лазаров:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share