hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кузмановски е МВП во победата над Црна Гора

39712431451 21892b6c5d z

Младиот ракометар на Металург, Филип Кузмановски е прогласен за најкорисен играч на натпреварот против селекцијата на Црна Гора, кој „црвено-жолтите" го добија со 28-29.

Битолчанецот доби минутажа и имаше блескав натпревар, посебно во второто полувреме кога распали кон голот на противникот. Тој го заврши натпреварот со пет гола и беше најдобар поединец во редовите на Македонија.

За Кузмановски ова беше прв натпревар на Европското првенство, затоа што на дуелот со Словенија остана на клупата и не доби воопшто минутажа.

Share