hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ја урна Црна Гора и визира пат за Вараждин

39680598252 74e758c313 b

Црна Гора – Македонија 28:29 (16:15)

Македонија ја забележа и втората победа на Европското првенство во Хрватска и првпат едно големо натпреварување почна со две победи. Вечерва во „Арена" падна Црна Гора со 28:29 (16:15).

Македонија одлично го почна натпреварот, Талески и Лазаров ги постигнаа првите два гола и тоа можеше да значи добра најава за нашите момци. Но, следеше сосема поинаква Црна Гора, која играше брзо и полетно и го имаше расположениот Стефан Чавор, кој ни даде пет гола.

При 8:5 селекторот Раул Гонзалез повика минута одмор, па следеше македонската реакција. Со серија 4:1, цепелин на Лазаров и Талески и гол на Манасков, Македонија се врати во егал-финиш (10:10). Сепак, во финишот следеа серија на грешки, две исклучувања по ред во нашиот табор и Црногорците на одмор заминаа со 16:15. Во првото полувреме двајцата голмани одбранија само по четири топки.

39002299354 5aa00365c5 b

На почетокот од вториот дел Митревски застана на голот на местото на Борко Ристовски. Но, нашите технички грешки се редеа и Црна Гора го одржуваше минималното водство. Следеше супер-позитивен момент на нашиот тим, одлична игра во одбрана и Филип Кузмановски и Дејан Манасков донесоа пресврт. Македонија поведе со 19:21 на средина од вториот дел и Ѓукиќ побара минута одмор.

Поради недисциплина следеа две минути за клупата на Црна Гора, а бројчаната предност ја искористи Македонија и поведе со 20:24, највисока позитива на средбата, но следеа две промашувања на Георгиевски, кои Црна Гора ги казни и се врати на 24:26. Позитивата од два гола се држеше и на три минути пред крајот (26:28) и истата остана до финишот, пред се поради клучната одбрана на Борко Ристовски на една минута пред крајот. Пред самиот финиш на мечот, поразот на Црна Гора стана минимална.

24842800147 d3face850d b

Најдобар меѓу стрелците беше Филип Кузмановски, со пет гола, а го следеа Манасков, Лазаров и Миркуловски со по четири гола. Кај Црна Гора, Чавор даде шест гола, а Вујовиќ заврши со пет.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share